Тела на 27 мигранти испливаа на либискиот брег: меѓу нив бебе и две жени

Од:

Телата на 27 мигранти, меѓу кои едно бебе и две жени, испливаа во близина на брегот на западниот дел на Либија, соопшти либиската Црвена полумесечина.

dobivaj vesti na viber

Телата се пронајдени доцна навечер во саботата на две одвоени локации во близина на крајбрежниот град Хомс, додаде Црвената полумесечина.

Тројца мигранти се спасени, а потрагата по останатите е во тек, пренесе АП.

Црвената полумесечина објави фотографии на кои се гледаат тела како лебдат во Медитеранот, како и работници на таа организација како ги ставаат во црни кеси, додава АП.

Мигрантите најверојатно се удавиле во неодамнешниот бродолом во близина на брегот на Либија, од каде многумина се обидуваат да стигнат до Европа.

Според податоците на Агенцијата за мигранти при Обединетите нации, годинава во бројни несреќи на море во централниот дел на Медитеранот се удавиле околу 1.500 мигранти.

Претходно овој месец, повеќе од 160 мигранти се удавија во два одделни бродоломи во близина на северноафриканската земја, соопшти Меѓународната организација за миграција.

Би можело да ве интересира

Судири во Триполи при обид владата на Фати Башага да ја преземе власта од ривалскиот кабинет на Абдел Дбеиба

Ана Ололовска

Цените на нафтата над 108 долари, во фокус намалените испораки од Русија и Либија

А1он

Преговорите меѓу двете ривалски влади во Либија без договор за избори

А1он

Либија има двајца премиери по спорното гласање во Парламентот

А1он

„Ал Арабија“: Обид за атентат врз либискиот премиер

Ана Ололовска

Усвоена резолуција за продолжување на мисијата на ОН во Либија за три месеци

Ана Ололовска