Техеран за Болтон: Неуспех на „стратегијата на максимален притисок“

Од:

Советникот на иранскиот претседател Хасан Рохани коментирајќи го разрешувањето на советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Болтон, истакна дела тоа претставува неуспех на „стратегијата на максимален притисок“ на Вашингтон врз Техеран.

– Маргинализацијата и на крај елиминацијата на Болтон не е случајност туку одлучувачки показател на неуспехот на американската стратегија на максимален притисок пред конструктивниот отпор на Иран, напиша Хесамедин Ашен на Твитер.

Додека портпаролот на иранската Влада, Али Рабиеи на Твитер напиша дека со заминувањето на „најголемиот заговорник на војната и на економскиот тероризам“, Белата куќа полесно ќе може да ја разбере реалноста во Иран.

– Џон Болтон пред повеќе месеци вети дека Иран нема да потрае ниту три месеци. Ние се уште сме тука, а тој замина, истакна Рабиеи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски