Техеран: Ќе биде уништен секој брод што претставува закана за Иран

Од:

Иран се закани со уништување на „терористичките“ американски сили, кои ја загрозуваат безбедноста во водите на Персиски Залив.

– Секој американски брод, воен или цивилен, што претставува закана за Иран ќе биде уништен, изјави командантот на Иранската револуционерна гарда, генерал Хосеин Салами.

Тој додаде дека безбедноста на Персиски Залив е најголем стратешки приоритет на Иран.

Изјавата на генерал Салами уследи по низата закани од американскиот претседател Доналд Трамп кон официјален Техеран.

– Наредив морнарицата на САД да пука и уништи какви било ирански бродови што ги вознемируваат нашите бродови, напиша пред два дена Трамп на својот профил на Твитер, по еднонеделните тензии во Персиски Залив.

минатата среда американската армија објави дека 11 бродови на Иранската револуционерна гарда неколкупати се приближиле до воени воени бродови во Персиски Залив на „опасен и вознемирувачки“ начин. Инцидентот, наводно, се случил во меѓународните води за време на вежба во која учествувале хеликоптери Апачи.

Би можело да ве интересира

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Ајатолахот Али Хамнеи е во кома и неговата здравствена состојба е исклучително сериозна

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Во Иран се планираат клиники за убедување на жените кои одбиваат да носат хиџаб

А1он

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Неизвесна судбината на иранската студентка

А1он