Тедрос: Кина одолговлекува со дозволите за тимот на СЗО што треба да го испита потеклото на коронавирусот

Од:

Првиот човек на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска изјави дека е разочаран што кинеските власти не ги финализирале дозволите за пристигнување на тим експерти во Кина, кои ќе го испитаат потеклото на САРС-КоВ-2.

Тој рече дека членовите на меѓународниот научен тим започнале да заминуваат од своите матични земји во Кина во последните 24 часа, како дел од договорот меѓу СЗО и кинеската влада.

– Денеска дознавме дека кинеските власти сè уште не ги завршиле потребните дозволи за доаѓањето на тимот во Кина, рече Тедрос на прес-конференција во Женева.

– Јас сум многу разочаран од оваа вест, имајќи предвид дека двајца членови веќе отпатуваа, а другите, во последен момент, дознаа дека не можат да патуваат, но беа во контакт со високи кинески претставници, изјави шефот на СЗО.

Тедрос рече дека „јасно ставил до знаење“ дека мисијата е приоритет на здравствената агенција на Обединетите нации и дека е „убеден“ дека Кина ги забрзува внатрешните процедури за распоредување на тимот што е можно поскоро.

– Ние сакаме мисијата да почне што е можно побрзо, рече тој.

Експертите, собрани од целиот свет, се очекува да го посетат градот Вухан, за кој се сомнева дека е местото каде што првпат се појави коронавирусот пред повеќе од една година.

Би можело да ве интересира

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Кина: Нема добро оправдување за масакрот на цивилите во Газа

Горан Наумовски

Кина најави дека ќе ја „трансформира економијата“, се очекува голем раст

Горан Наумовски