Тедрос им порача на фармацевтските компании да си помагаат околу производството на вакцините

Од:

Генералниот директор на Светска здравствена организција (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска ги повика компаниите да ги стават на располагање своите производни инфраструктури за да помогнат во производството на вакцини против Ковид-19.

– Ги поздравуваме сите производители кои се обврзаа дека своите вакцини ќе ги продаваат по одредена цена. Но, производителите можат да направат и повеќе, посочи Гебрејесус.

Тој на денешниот онлајн брифинг ја повтори својата молба богатите држави да ги поделат вакцините со посиромашните земји откако ќе ги вакцинираат здравствените работници и повозрасните луѓе.

– Но, исто така ни е потребно и големо зголемување на производството. Минатата недела Санофи најави дека нејзината производствена инфраструктура ќе биде достапна за поддршка за производство на вакцината Фајзер/БиоНтек. Ги повикуваме другите компании да го следат овој пример, истакна Гебрејесус.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО