Тедрос: Ако се почитуваат мерките, Ковид-19 може да се стави под контрола за неколку месеци

Од:

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изјави дека проблемот со пандемијата на Ковид-19 сè уште не е решен, но оти може да се стави под контрола за неколку месеци со докажани мерки во заштитата на јавното здравје.

Тедрос на денешната прес-конференција изјави дека СЗО со нетрпение очекува општествата и економиите повторно да се отворат, а патувањата и трговијата непречено да продолжат, но оти во моментов одделите за интензивна нега во болниците во многу земји се преполни, луѓе умираат – а можно е тоа да се избегне.

– Пандемијата на Ковид-19 е далеку од својот крај, но имаме многу причини за оптимизам. Падот на бројот на новозаразени и смртни случаи во првите два месеци од годинава покажува дека овој вирус и неговите мутации можат да бидат запрени, рече директор на СЗО.

Тедрос исто така изјави дека зголемениот пренос на оваа инфекција најмногу се должи на збунетост и недоследност во спроведувањето на мерките за заштита на јавното здравје.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО