Театарот во Мариупол пред и по нападот од Русија

Од:

Локалните власти во Мариупол објавија дека руските сили го погодиле градскиот театар за време на бомбардирањето. Според изјавите на Градскиот совет, цивилите се засолниле во театарот.

„Руските сили намерно и цинично го уништија Драмскиот театар во срцето на Мариупол“, соопшти Градскиот совет на Твитер.

Заменик-градоначалникот на Мариупол, Серхиj Орлов, изјави за Би-Би-Си дека таму имало меѓу 1.000 и 1.200 луѓе. Зградата на театарот се наоѓа во центарот на градот, а градскиот совет не можеше да го потврди бројот на жртвите.

Снимките од разурнатиот театар почнаа да пристигнуваат вчера попладне.

Шефот на регионалната администрација на Доњецк, Павло Кириленко, на Фејсбук објави фотографија од театарот во Мариупол. Тој пишува дека е невозможно да се утврди бројот на жртвите.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба во текот на ноќта објави фотографии од театарот пред и по рускиот напад.

На сателитската снимка објавена од американската компанија Maxar, направена пред два дена, се гледа рускиот збор „деца“ напишан со големи бели букви на предната и задната страна на театарот во Мариупол.

Локалните власти велат дека театарот бил користен како засолниште за стотици цивили пред да биде бомбардиран од руските сили. Руското Министерство за одбрана тврди дека нивната армија не го гранатирала театарот.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ