Татјана Бакалчук е најбогатата жена во Русија со богатство од 1,4 милијарди долари

Од:

Основачката на синџирот за онлајн трговија на мало „Вајлдберис“, Татјана Бакалчук ​​е на врвот на листата на најбогати жени во Русија, објави „Форбс“. Според публикацијата, нејзиното богатство достигнува 1,4 милијарди долари.

Бакалчук ​​ја надмина лидерката во списокот во изминатите години, Елена Батурина, чие богатство е 1,2 милијарди долари.

Според Форбс, во 2019 година, прометот на „Вајлдберис“ се зголемил за 88 отсто и изнесува 223,5 милијарди рубли.

Бакалчук, за првпат се наоѓа на списокот на најбогати луѓе во Русија во 2018 година, кога нејзиното богатство беше проценето на 600 милиони долари. Една година подоцна, тоа скоро се удвои и се најде на второто место по Батурина.

Би можело да ве интересира

Најбогатиот човек на светот има имот од 233 милијарди долари

Најбогатиот човек на светот изгуби над 10 милијарди евра за еден ден

Ана Ололовска

Некогаш ѕвезда на Арсенал, а сега милијардер: Дури 30 пати е побогат од Кристијано Роналдо

Маск повторно е најбогатиот човек на светот

Ана Ололовска

Илон Маск симнат од тронот, најбогат човек на светот сега е Бернард Арно

Ана Ололовска

Кралицата на скапоцените камења загина на крузер, нејзиниот сеф е пронајден празен

Горан Наумовски