Танкер со хемикалии тоне покрај брегот на Шри Ланка, може да предизвика еколошка катастрофа

Од:

Танкер полн со хемикалии тоне покрај брегот на Шри Ланка и се стравува дека несреќата може да се претвори во еколошка катастрофа, пренесува Би-Би-Си.

Танкерот „Х-Прес Перл“, регистриран во Сингапур, гореше скоро две недели пред да се изгасне пожарот оваа недела.

Доколку бродот потоне, стотици тони гориво може да се излеат во морето и да го уништат морскиот живот таму.

Воените морнарици на Шри Ланка и Индија работеа заедно во изминативе денови за гаснење на пожарот, а сега за да се спречи кршењето и потонувањето на бродот, но нивното работење го отежнуваат немирното море и монсунските ветрови.

Портпаролот на морнарицата на Шри Ланка, Индика Силва за Би-Би-Си изјави дека „спасувачите се обидуваат да го повлечат бродот во длабокото море пред да потоне за да се минимизира загадувањето на морето“.

Министерството за риболов на Шри Ланка соопшти дека стапиле во сила итни мерки за заштита на лагуната Негомба и околните области.

Властите на Шри Ланка веруваат дека пожарот бил предизвикан од истекување на азотна киселина за која екипажот знаел од 11 мај. Бродот превезувал 25 тони многу корозивна киселина, што вообичаено се користи во производството на ѓубрива и експлозиви.

„X-Прес Шипинг“, компанија со седиште во Сингапур, која е сопственик на бродот, потврди дека екипажот бил свесен за истекувањето, но дека Катар и Индија одбиле дозвола да влезат во нивните води.

Властите поднесоа полициска пријава против капетанот на бродот кој беше спасен минатата недела заедно со другите членови на екипажот.

Полицијата во Шри Ланка наводно ги испрашувала капетанот и инженерот над 14 часа.

Би можело да ве интересира

Милион и половина евра од ЕУ за хуманитарни цели во Шри Ланка

Ана Ололовска

Побегнатиот поранешен претседател на Шри Ланка, Раџапакса се врати во татковината

Ана Ололовска

Владата на Шри Ланка бара ограничување на ингеренциите на претседателот

А1он

Протест против владината репресија на Шри Ланка

Парламентот на Шри Ланка изгласа продолжување на вонредната состојба

Динеш Гунавардена денеска положи заклетва како премиер на Шри Ланка

Ана Ололовска