Талибанците уапсиле медиумски работници бидејќи не им се допаднал прилог на авганистанската телевизија

Од:

Талибанската разузнавачка служба ноќеска уапсила тројца вработени во телевизијата „ТОЛО“, една од најголемите авганистански телевизиски куќи. Наводно, причина за апсењето било тоа што на властите не им се допаднал прилогот на телелвизијата за забраната на емитување странски серии, изјави директорот на телевизијата, Кпалвак Сапај, еден од упасените.

Сапај и правниот советник на медиумот, Нафај Калик, после неколку часа биле ослободени, додека телевизискиот презентер, Бахрам Аман, се уште е во притвор.

Обединетите нации и Комитетот за заштита на новинарите ги повикаа властите во Авганистан да престанат да вршат притисоци врз новинарите и преку апсења, закани и застрашувања да ја задушуваат слободата на медиумите во земјата.

Талибанската разузнавачка служба ги демантира информациите за апсењето на новинарите.

Според Репортери без граници, од август минатата година кога Талибанците се вратија на власт до декември во земјата се затворени 231 од 543 медиуми, а повеќе од 6.400 новинари останале без работа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Талибанците пронајдоа американски воени возила вредни седум милијарди долари

Горан Наумовски

Талибанците во Авганистан ги затвораат салоните за убавина

А1он

Талибанците им забранија на жените да работат во невладини организации

Талибанците им забранија на жените да посетуваат универзитети

Пакистански командоси убија 26 талибански борци и ослободија заложници

А1он

Напад во хотел во Кабул популарен кај Кинезите, Талибанците ги убија напаѓачите

А1он