Талибанците тврдат дека во Авганистан ја нема ИД и Ал Каеда

Од:

Талибанците денеска соопштија дека нема докази за постоење на милитанти на ИД и на Ал Каеда во Авганистан. Пред неколку дена ИД ја презеде одговорноста за бомбашките напади во градот Џалалабад во источен Авганистан.

Од преземањето на власта во Кабул, талибанците се соочија со меѓународен притисок да се откажат од врските со Ал Каеда, која го изврши терористички напади во САД на 11 септември 2001 година. Портпаролот на талибанците Забидула Муџахид ги отфрли обвинувањата дека Ал Каеда е во Авганистан и го повтори своето ветување дека нема да има напади од странски милитантни движења.

„Не гледаме никој во Авганистан кој има врска со Ал Каеда. Ние сме посветени на фактот дека нема да има опасност од Авганистан за која било држава“, рече Муџахид.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Талибанците го прогласија за национален празник денот кога замина последниот американски војник