ВИДЕО: Талибанците пронајдоа американски воени возила вредни седум милијарди долари

Од:

Талибанците објавија видео на социјалните мрежи од повеќе од 300 воени возила за кои тврдат дека биле оставени со повлекувањето на американските сили во август 2021 година. Како што соопшти Министерството за одбрана на Авганистан на Твитер, поправени се 41 возило за да служат во единицата Мансури, која беше формирана во октомври 2021 година.

Наводно, западните сили, напуштајќи ја земјата, уништиле околу 300 возила. Талибанците тврдат дека ги пронашле на претходно непозната локација. Се проценува дека САД оставиле воена опрема вредна 7 милијарди долари во Авганистан, вклучувајќи 78 авиони, 12.000 воени возила и илјадници разновидни оружја.

„Нашата разузнавачка служба верува дека овие локации биле тајни бази на ЦИА за кои претходната влада не ни знаела. Најдовме дури и розово Хамви кое веројатно му припаѓало на висок американски командант“, наведуваат тие.

Кога еден „твитераш“ прашал дали може да добие едно возило бидејќи Америка „донираше“ толку многу од нив, талибанците одговориле:

„Брате, дојди и вози го бесплатно. Само плати за гориво. Исто така, можеш да добиеш неограничена муниција. Како западниот даночен обврзник, вие целосно го заслужувате тоа. Тоа се ваши пари“.

И на многу други корисници, особено на Американците, талибанците им кажаа дека можат да се возат кога сакаат, само треба да го платат горивото.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Талибанците го прогласија за национален празник денот кога замина последниот американски војник