Талибанците отфрлаат соработка со САД во сузбивање екстремисти од ИД

Од:

Талибанците денеска отфрлија можност за соработка со САД во сузбивањето на екстремистичките групи во Авганистан, изразувајќи таков став пред првите директни разговори меѓу двете страни откако Американците се повлекоа од таа земја.

Високи претставници на талибанците и американски претставници треба да се состанат денеска и утре во Доха, главниот град на Катар.

Официјални лица од двете страни рекоа дека прашањата за кои се разговара ќе вклучуваат спречување на екстремистичките групи и евакуација на странски државјани и Авганистанци од земјата.

Талибанците посочија дека ќе бидат флексибилни во однос на евакуацијата.

Портпаролот на талибанците Сухаил Шахин за американски медиуми изјави дека нема да има соработка со Вашингтон во борбата против се поактивниот огранок на ИД во Авганистан. ИД ја презеде одговорноста за голем број напади, вклучувајќи го и нападот врз џамија во петокот во кој загинаа 46 шиити, а десетици беа повредени.

„Можеме сами да се бориме против ДАЕШ“, рече Шахин, користејќи ја арапската кратенка за ИД.

Би можело да ве интересира

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

ИСИС-К планира уште еден терористички напад во следните шест месеци

Исламската држава ја презеде одговорноста за експлозиите во Пакистан

Турција уапси 34 лица поврзани со Исламската држава

Истанбул: Уапсен е експерт за бомби на ИСИС

17-годишник со турско потекло е уапсен во Виена поради планирање терористички напад