Талибанците објавија два тендери за развој на рудни наоѓалишта во Авганистан

Од:

Министерството за рудници и нафта на авганистанската талибанска влада објави два тендери за разработка на големи наоѓалишта на минерали, јави телевизијата Ал-Мајадин.

Министерството очекува да привлече приватни компании да разработат наоѓалиште на железна руда во провинцијата Херат и наоѓалиште на оловна руда во провинцијата Гор, велејќи дека тендерот „спаѓа во категоријата големи национални проекти“.

Светската банка завчера објави извештај „Кон економска стабилизација и закрепнување“ за моменталната состојба на авганистанската економија. Во извештајот се вели дека откако Талибанците дојдоа на власт, приходот по глава на жител во Авганистан е намален за околу една третина. Економскиот пад беше предизвикан од остриот пад на меѓународната финансиска помош, губењето на пристапот до странски средства од страна на централната банка и повлекувањето на инвеститорите од авганистанскиот пазар. Авторите на извештајот проценуваат дека авганистанскиот БДП по глава на жител ќе се намали за околу 30 проценти до крајот на 2022 година во споредба со крајот на 2020 година. Сепак, во извештајот се нагласува дека Авганистан има значителен економски потенцијал за кој талибанската влада мора да преземе мерки за паметно“ управување со економијата.

Авганистан има огромни резерви на минерали. Во 2010 година, Пентагон и Геолошкиот институт на САД ги процениле овие резерви на еден трилион долари. Покрај ретките метали, злато, кобалт, железна руда и бакар, Авганистан има големи наоѓалишта на литиум, клучна суровина за брзорастечката индустрија за батерии. Според Меѓународната агенција за енергија, до 2040 година глобалната побарувачка за литиум ќе се зголеми за 40 пати во споредба со нивоата од 2020 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Продолжува уривањето на рудникот во регионот Амур, 13 рудари се заробени

Несреќа во рудник за злато во Турција: Најмалку девет рудари се затрупани

Во несреќа во рудник во Кина загинаа 10 лица, шест се водат за исчезнати

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Еуромакс Ресоурцес: За да доставиме ревидирана Студија за влијание врз животната средина неопходно е да се донесе одлука за спојување на концесиите

А1он