Талибанците бараат да зборуваат на Генералното собрание на ОН

Од:

По преземањето на власта во Авганистан, талибанците сакаат да зборуваат на Генералното собрание на Обединетите нации.

Како што дознава ДПА, ОН добиле писмо од талибанскиот министер за надворешни работи Амир Кан Мутаки.

Министерството за надворешни работи на милитантната група во писмото бара да учествува на 76-та генерална дебата, тврдејќи дека авганистанскиот претседател Ашраф Гани е соборен и дека другите земји повеќе не го признаваат за шеф на државата.

Секретаријатот на ОН го проследи писмото до соодветната комисија за разгледување. Првично не беше јасно кој ќе зборува во име на Авганистан на дебатата, која ќе трае до следниот понеделник.

По повлекувањето на трупите на НАТО и САД, талибанците минатиот месец ја презедоа власта во Авганистан и повторно го воспоставија својот „Исламски емират“ по речиси 20 години.

Владите ширум светот сега размислуваат дали да ја признаат милитантната група.

Би можело да ве интересира

Османи од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме „не“ на Русија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Неухранетоста и болестите ќе доведат до „експлозија на смртност“ кај децата во Газа

Обединетите нации нема да учествуваат во присилното раселување на Палестинците

Катерина Ѓуровски

Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Меѓународниот суд на правдата ќе донесе важна одлука за Украина и Русија

Советот за безбедност на ОН денеска повторно ќе се обиде да гласа за Газа