Талибанци: Обучени Британци спремни да го убијат принцот Хари

Од:

Талибанците по нападот врз воената база во Авганистан, каде што беше распореден принцот Хари соопштија дека тој се уште е мета на нивните напади, но дека сега му се заканува опасност од британски државјани обучени да убиваат.

Кампот Бастион беше нападнат на 14 Септември – Принцот Хари го преживеа нападот, но загинаа двајца војници.
Портпаролот на Талибанците, Кари Јусеф Ахмади изјави дека имаат неколку илјади напаѓачи кои се подготвени да го дадат својот живот за пророкот Мухамед и да го убијат принцот Хари.

– Тоа е нашата намера. Нашите соборци доаѓаат од различни земји на светот, од Англија до Пакистан. Ќе го положат својот живот, за светот да го види нашиот гнев. Британските и американските освојувачи не се добредојдени во оваа земја и тие мора да ја напуштат – изјави Ахмади.

Британските медиуми наведуваат дека не е тајна дека талибанците регрутираат странски државјани за обука во Авганистан, бидејќи неколку заробени борци беа од Европа и САД.

Сепак, ова е прва директна сугестија дека британски граѓани може да се користат за самоубиствена мисија против принцот.

Принцот Хари го преживеа нападот на Талибанците врз кампот Бастион на 14 септември, каде што во моментов е распореден на четири месеци. Иако не успеаја во обидот да го убијат, Талибанците изјавија дека се извојува морална победа, бидејќи убија двајца странски војници и уништија или оштетија осум американски воени авиони.

Штетата причинета за време на нападот се проценува на 200 милиони долари. Тоа беше почеток на една нова кампања на Талибанците наречена “Операција Хари”, чија цел е британскиот принц.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во Саутемптон, клубот го одложи вечерашниот натпревар

Во Норфолк: Четиричлено семејство пронајдено мртво, таткото и мајката се прободени во вратот

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Обилниот снег на северот на Англија предизвика сообраќаен колапс и прекин на електричната енергија

Горан Наумовски

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Во Манчестер: Полицијата и пожарникарите опколија авион поради закана за бомба

Горан Наумовски