Тајванските власти ги осудија маневрите на кинеската армија околу островот

Од:

Тајван ги осуди најновите кинески воени маневри во близина на островот, а Министерството за одбрана соопшти дека регистрирало 57 кинески борбени авиони кои учествувале во вежбата.

Источната команда на Народноослободителната војска на Кина соопшти дека нејзините сили одржале вежба за проверка на „воената поготвеност под реални борбени услови“ на море и во воздушниот простор околу Тајван, фокусирајќи се на копнени и поморски напади.

Во соопштението на кинеската армија се посочува дека целта на маневрите е да се тестира заедничката борбена способност во решително спротивставување на провокативните акции на странските сили и сепаратистичките сили за независност на Тајван.

Претседателскиот кабинет на Тајван оцени дека обвинувањата на Кина се неосновани и најостро ги осуди маневрите, посочувајќи дека мирот и стабилноста во Тајванскиот теснец и во регионот се заедничка одговорност и на Тајван и на Кина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала