Тајван: Кина сака да го претвори островот во „иден Хонг Конг“

Од:

Кина се обидува од демократската територија Тајван да направи „иден Хонг Конг“, изјави тајванскиот министер за надворешни работи Џозеф Ву по средбата со американскиот министер за здравство Алекс Азар.

– Нашиот секојдневен живот е се потежок додека Кина продолжува да врши притисок врз Тајван да ги прифатиме нејзините политички услови, услови кои од Тајван би направиле иден Хонг Конг, посочи Ву.

Посетата на Азар на Тајван ја осуди Пекинг, истакнувајќи дека го загрозува мирот.

Азар, кој е во тридневна посета, е највисок американски претставник во посета на Тајван од 1979 година, кога САД ги прекинаа дипломатските односи со Тајпеј за да ја признаат комунистичката влада со седиште во Пекинг, како единствен претставник на Кина.

Посетата на Азар е во момент на зголемени тензии помеѓу Пекинг и Вашингтон за повеќе теми, од Хонг Конг, до трговските прашања и новиот коронавирус.

Азар за време на посетата ја пофали тајванската демократија и борбата против Ковид-19. Тој упати критика кон ставот на Кина за пандемијата, која се појави на нејзина територија и нејзиниот авторитативен модел на владеење.

Тајванското Министерство за одбрана вчера соопшти дека кинески авиони ловци на кратко ја преминале централната линија на Тајвански Залив, која Тајпеј и Пекинг ја сметаат за своја „граница“.

Би можело да ве интересира

Кина почна со воени вежби во време на посета на американски официјален претставник на Тајван

Ана Ололовска

Првиот авион од странство по цели осум месеци слета на аеродромот во Вухан

А1он

Висок претставник на Стејт департментот во посета на Тајпеј

Ана Ололовска

СТО: Повеќето американски царини на стока од Кина се нелегални

Ана Ололовска

Борел: Се враќаат големите империи од минатото, Русија, Турција и Кина

Ана Ололовска

Кинески град под карантин поради тројца инфицирани со Ковид-19

Ана Ололовска