Тајмс: САД даваат зелено светло Украина да врши напади со беспилотни летала на територијата на Русија

Од:

САД повеќе не инсистираат на тоа Украина да не извршува напади на руска територија, вклучително и напади со беспилотни летала, објави синоќа лондонски Тајмс, повикувајќи се на неименуван извор од Министерството за одбрана на САД.

Пентагон претходно стравуваше дека ударите на руска територија би биле ескалаторни за конфлитот. На пример, Русија би можела да употреби нуклеарно оружје или во одмазда да гаѓа цели во НАТО земјите. Министерството во меѓувреме се премисли, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

– Се уште ги земаме предвид истите пресметки за ескалација, но стравот од ескалација сега е променет, сега е поинаку. Затоа што калкулусот на војната е променет како резултат на огромното страдање и бруталноста на кои Украинците се подложни од рацете на Русите, изјавил изворот.

Ваквите ставови доаѓаат по бројните руски ракетни напади и бомбардирање на критична граѓанска инфраструктура и енергетските постројки на Украина.

– Не му велиме на Киев „не гаѓајте по Русите”. Не можеме да им кажеме што да прават. Од нив зависи како да го употребуваат оружјето, но кога го употребуваат оружјето што ние го снабдуваме, инсистираме армијата на Украина да ги запазува меѓународните закони на војната и да се потчинува на Женевската конвенција, истакна изворот од Пентагон. Тој рече дека Украина ги спроведува овие услови.

Официјален Вашингтон нема изјавено дека поддржува или охрабрува украински напади на руска територија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шолц пристигна во Киев со специјален воз, најави голема испорака на оружје

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава за едно лице за учество во руската војска

Британските разузнавачи за руското влијание: Нашата безбедност е загрозена

Предраг Петровиќ

Уништена „Црна вдовица“

Предраг Петровиќ

Шолц му вети на Зеленски продолжување на воената помош

ВИДЕО: Голем пожар во складише за нафта во областа Ростов по украински напад со дронови