Tајмс: Џихадистите не се борат за целите на исламска држава (ИД) туку за божјата волја

Од:

Џихадистите кои војуваат за сунитската, милитантна група Исламска држава, не војуваат за пари, или за ИД туку за „волјата на Господ“, пишува лондонски „Тајмс“ повикувајќи се на изјавата на еден од британските исламисти кои војуваат на Блискиот Исток.

– Ние не сме платеници, а не се бориме за Исламска држава, туку само за божјата волја, рекол овој џихадист, во разговор за весникот.

Тој тврди дека џихадистите кои заминале од Велика Британија, немаат намера да се вратат во земјата, каде повеќето од нив се родени и образовани.

– Нашата намера не е да се вратиме. Ние овде ќе останеме за да умреме за она за што војуваме, вели овој неидентификуван припадник на ИД за „Тајмс“.

Изјавата на овој британски џихадист за да тоа дека тој и неговите истомисленици војуваат „за да се сретнат со смртта“ доаѓа по расправата отворена во јавноста на Велика Британија, преку домашните медиуми за тоа како да се запре заминувањето во редовите на џихадистите, а особено како да се оневозможи нивното враќање дома.

Висок ирачки дипломат во Лондон побара од британската Влада да и помогне на муслиманската заедница во земјата, на нејзините водачи и на муслиманските семејства, за запирање на раширената појава меѓу младите за одењето во војната во Сирија и во Ирак.

– Британската Влада мора да се вклучи во настојувањата да запре ширењето на идејата дека е „кул“ да се биде припадник на ИД, вели ирачкиот дипломат Лукман Фејзи.

Тој ги повикува и семејствата, да направат се што е потребно за да „заштитат своите синови“ од џихадизмот и Исламска држава.

Фејзи забалежува дека во сегашните услови на високо развиена технологија, „доволно е да се има само еден Ајфон за да се биде индоктриниран со екстремизмот и џихадизмот“.

Британските аналитичари и експерти, меѓутоа, настојуваат да утврдат како се случи Велика Британија да „одгледува џихадисти“ на сопствената територија од младото поколение воспитувано според современите и британските образовни и општествени стандарди.

Повеќе од 500 Британци, главно преку Турција, се досега заминати во редовите на ИД, а меѓу нив има и не мал број на тинејџери.

Би можело да ве интересира

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

По масакрот во Москва, Исламската држава се врти кон Европа и Америка

Исламската држава го пофали терористичкиот напад во Москва

Горан Наумовски

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија