Поддржувачите на Трамп „ретвитаат“ анкета од пред 6 години дека Обама бил најлошиот американски претседател по Втората светска војна

Од:

Подржувачите на Трамп како реакција на обвинувањата од страна на поранешниот претседател Обама ја споделија анкетата од 2014 година спроведена од страна на „Quinnipiac“  пренесена од магазинот „Тајм“.

Според таа анкета, спроведена ширум земјата, пред 6 години, повеќето Американци сметале дека Барак Обама е најлошиот претседател од Втората светска војна споредено со досегашните шефови на државата.

Анкетата на „Quinnipiac“ открила дека 33 отсто од Американците го сметаат Обама како најлош повоен претседател, додека само 8 отсто го сметаат за најдобар.

Околу 28 отсто сметаат дека поранешниот претседател, Џорџ Буш е меѓу „најлошите“.

Ричард Никсон, единствениот американски претседател што некогаш си поднесе оставка по аферата „Вотергејт“, беше избрана за најлош од страна на 13 отсто од анкетираните.

Според анкетата од 2014, Роналд Реган е најчестиот одговор во изборот за најдобар претседател по Втората светска војна.

Околу 18 отсо го избрале Бил Клинтон за најдобар, а Џон Кенеди доби 15%.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски