Тајландските специјалци го убија војникот што дивееше низ градот Након Рачесима, убивајќи 26 и ранувајќи уште 52 лица

Од:

Тајланските безбедносни сили ноќеска го убиле војникот Џакрапанту Тома, кој во убиствениот поход низ градот Након Рачесима уби 26, а рани уште 52 лица, соопштија тајланските власти.

Тајландскиот министер за здравство, Анутин Чарнивиракул, потврди дека војникот е убиен во трговскиот центар „Терминал 21“, пренесоа британските медиуми.

„И благодариме на полицијата што ја заврши оваа ситуација. Напаѓачот е убиен!“, наведе министерот на Фејсбук, што подоцна беше потврдено и од војската и од полицијата.

Полицијата дефинитивно потврди дека избезубениот војник бил 32-годишниот Џакрапанту Тома.

Нападот почна вчера околу 15 часот по локално време, кога војникот почнал да пука во една куќа, пред за замине во воениот камп, а потоа и во трговскиот центар, објавувајќи за сето време пораки и слики на Фејсбук.

-Наредникот Џакрапанта Тома прво го убил својот претпоставен старешина и уште две лица, па украл оружје од воениот камп, изјави портпаролот на Министерството за одбрана за Би-Би-Си.

Осомничениот потоа се превезол до центарот на градот и влегол во трговскиот центар „Терминал 21“

Локалните меидуми објавија и снимка од војникот како излегува од автомобилот пред трговскиот центар и веднаш почнува да пука, додека луѓето избезувено бегаат.

Американските медиуми пренесуваат дека мотивот за нападот бил спор околу земјиште.

Војникот бил убиен од воените специјалци по целоноќната опасада на трговскиот центар „Терминал 21“ во градот, одалечен од Бангкок околу 250 километри.

Би можело да ве интересира

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач

ВИДЕО: Русин скокна во смрт од храм на Тајланд

Жена на аеродромот во Бангкок се заглави на подвижна лента, на лице место и отсекоа нога