Жена од Тајланд осудена на 43 години затвор, го навредила кралското семејство на Фејсбук

Од:

Тајландски суд денеска осуди 65-годишна жена на 43 години затвор поради критикување на кралското семејство на интернет, соопшти нејзината адвокатка.

Тоа е најстрога казна која е досега изречена во оваа земја за навреда на кралот Маха Ваџиралонгкорн или членовите на неговото семејство.

Пресудата е донесена во момент на големи протести на младите луѓе, на кои јавно се критикува монархијата, и покрај строгиот тајландски закон, познат како „лесе мајесте“, кој предвидува казна затвор од 15 години за секое непочитување на овој акт.

– Анчан Прелерт се изјасни за виновна за 29 одделни прекршувања на законот со споделување и објавување на ЈуТјуб и на Фејсбук во периодот меѓу 2014 и 2015 година, објасни нејзината адвокатка Павини Чумсри.

Анчан првично била осудена на 87 години затвор, но поради признавање на делото, судот и ја намалил казната на половина.

Обвинетата сега има можност да поднесе жалба до две повисоки судски инстанци.

Полицијата изврши претрес во домот на Анчан во јануари 2015 година, неколку месеци откако со воен удар беше соборена цивилната влада.

По воениот удар во 2014 година, најмалку 169 луѓе се обвинети за кривични дела според законот „лесе мајесте“. Властите кратко престанале да го применуваат споменатиот закон во 2018 година, но полицијата повторно го вратила по немирите и протестите, на кои била критикувана монархијата.

Би можело да ве интересира

Тројца Хрвати се повредени во сообраќајна несреќа во Тајланд

Горан Наумовски

Експлозија во фабрика за огномет во Тајланд: Најмалку 23 лица загинаа

ВИДЕО: Во експлозија на магацин со пиротехнички материјали на Тајланд има 12 мртви

Катерина Ѓуровски

Германски бизнисмен крвнички е убиен, бил мачен, а потоа и распарчен, неговото тело e пронајдено во замрзнувач

ВИДЕО: Русин скокна во смрт од храм на Тајланд

Жена на аеродромот во Бангкок се заглави на подвижна лента, на лице место и отсекоа нога