Тајфунот во Јапонија оштети два објекта од Олимпијадата 2020

Од:

Два објекта од Летните олимписки игри 2020 година во Токио, Јапонија, беа погодени од тајфунот Хагибис, соопшти прес-службата на организациониот комитет на Игрите.

– Искажуваме најдлабоко сочувство на семејствата на жртвите и на оние кои претрпеа повреди и штети. Им посакуваме на сите брзо закрепнување. Што се однесува до објектите каде треба да се одржат Олимписките случувања, известени сме дека се оштетени привремени огради на градилиштата, вклучително и спортските центри „Ариаке“ и „Шиоказе“,информира организаторот на Олимпијадата 2020.

Сепак, сето ова лесно се обновува и нема да влијае на подготовките за Игрите. Нема простор за загриженост, додаваат надлежните.

Како последица од тајфунот, според последните извештаи, загинале 66 лица, а повеќе од 200 се повредени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија