Филипини: Тајфунот зеде 540 жртви и остави пустош

Од:

Тајфунот Бофа, што во вторникот утрината го зафати јужниот филипински остров Манданао, досега однесе најмалку 540 животи, додека 400 лица се сметаат за исчезнати, јави агенцијата Анадолија.

Тајфунот предизвика поплави, свлечишта и недостиг од електрична енергија во две филипински области.

Бризната на ветрот достигнуваше до 210 клиометри на час.

Ова, според проценките, е најразурнувачкиот тајфун што досега ги погодил Филипините.

Околу 310.000 лица се сместени во евекуациски центри.

Претседателот на Филипини Бенињо Аквино го посети градот Њу Батаан, што најмногу е погоден од тајфунот.

Би можело да ве интересира

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско