СЗО: Во Триполи 205 загинати, 913 повредени

Од:

Во борбите во Триполи досега загинаа 205 луѓе, меѓу кои 18 цивили, а повредени се 913, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.

Вооружена група денеска ја нападна големата воздушна база во јужниот дел на Либија, која е под контрола на источниот воен командант Халиф Хафтар.

Идентитетот на напаѓачите не е познат.

Станува збор за главната воздушна база на Хафтар во јужна Либија. Неговите сили на Либиската национална армија ја зазедоа базата претходно оваа година.

Хафтар поголем дел од своите сили распореди на север, во обид да го заземе главниот град Триполи.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО