СЗО: Во три земји нови 50 случаи на заразени од ебола

Од:

Во Сиера Леоне, Либерија и Нова Гвинеја од 3 јули досега се забележани 50 нови случаи на заразени од ебола, а 25 лица починале како последица на заболување од овој вирус, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), додавајќи дека болеста продолжува да се шири.

СЗО наведува дека последните податоци на министерствата за здравство во трите земји покажуваат дека од февруари, кога започнала епидемијата, регистрирани се 844 заразени лица, како и 518 смртни случаи.

Портпаролката на СЗО, Фадела Чаиб изјави дека зголемувањето на бројот на заболените покажува дека вирусот најчесто се пренесува на членовите од семејството кои се грижат за болниот, како и при подготовките за погребите на починатите поради локалните обичаи.

Смртоносната ебола предизвикува дијареа и повраќање, слабеење на бубрезите и функцијата на црниот дроб, а може да предизвика и надворешно и внатрешно крварење.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО