СЗО: Во судирите во Либија загинаа 47 лица, околу 200 се повредени

Од:

Најмалку 47 луѓе загинаа, а околу 200 се повредени во последните три дена во конфликтите во Либија, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Калифа Хафтар, воен командант со седиште во источна Либија, минатиот четврток започна воена акција со амбициозен план да го освои главниот град Триполи, во кој се наоѓа седиштето на Владата на национално единство.

Меѓутоа, по првичните успеси, кампањата вчера го изгуби здивот.

Тарик Јашаревиќ, портпарол на СЗО, денеска изјави дека меѓу загинатите се и двајца лекари, кои сакале да им помогнат на тешко ранети лица.

Тој истакна дека нападите врз здравствените институции и вработените, претставува кршење на меѓународното право за човекови права.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се преврте трактор со приколка кој превезуваше 16 матуранти, дел од нив завршија во болница

Горан Наумовски

СЗО: Подгответе се за болест посмртоносна од Ковид-19

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Морето фрли 57 тела на брегот на Либија

Драма во Медитеранот: Вода навлегува на брод кој е без капетан и со 400 луѓе

Кина: СЗО се обидува да „не оцрни“ околу извештајот за потеклото на короната