СЗО: Вирусот најверојатно потекнува од лилјаците

Од:

Тимот на Светска здравствена организација, која го истражува потеклото на Ковид-19 во Кина соопшти дека вирусот најверојатно потекнува од лилјаците и оти најверојатно има уште едно животно домаќин како посредник.

– Тимот имаше опширни разговори со кинеските колeги и доби информации за епидемиолошките студии, биолошките и генетските анализи и ветеринарни истражувања, изјави портпаролот на СЗО, Кристијан Линдмајер.

Тој додаде дека имало и видео-разговори со виролозите и научниците од Вухан.

Претставникот на СЗО, Мајк Рајан вчера истакна дека се можни изненадувања.

– Фактот дека алармот се запали во Вухан не значи дека заразата преминала од животно на човек, посочи Рајан.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот министер за здравство: Без строги епидемиолошки мерки Мадрид е во сериозна опасност

А1он

САД: Седум милиони заразени со коронавирус

А1он

Казнети 630 луѓе кои не носеле маски во изминатото деноноќие

А1он

Британија го зголемува финансиското учество во СЗО, но бара реформа

А1он

Германски експерт: Карантинот не е решение, владите да не подлегнуваат на масовната хистерија

А1он

СЗО: Коронавирусот може да одземе два милиони животи пред да стигне вакцината

А1он