СЗО: Вакцина за новиот коронавирус за 18 месеци

Од:

Коронавирусот, од кој досега животот го загубија повеќе од 1.000 луѓе во Кина, сега има официјално име, “КОВИД-19” , наместо досегашното привремено “2019-НЦОВ”.

Именувањето го потврди денеска генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом Гебрејесус.

Требаше да најдеме име што не се однесува на географска локација, животно, индивидуа или група на луѓе и што, исто така, е експлицитно поврзано со болеста, изјави Гебрејесус.

Според него, целта е да се спречи употребата на други имиња кои можат да бидат неточни.

Ни дава стандарден формат за употреба за која било идна епидемија на коронавирус, објасни извршниот директор. Тој најави дека првата вакцина против коронавирус ќе биде готова за 18 месеци.

Првата вакцина за “КОВИД-19” може да биде готова за 18 месеци, така што ќе мора да користиме сè што е на располагање денес за борба против овој вирус, истакна тој.

Гебрејесус објасни дека коронавирусот полесно се пренесува од човек-на-човек, но не е толку тежок како САРС-от.

Генералниот директор го повика светот да ги здружи силите против коронавирусот за да избегне уште повеќе случаи и далеку поголеми загуби.

Досега има 42.708 потврдени случаи на заразени со “КОВИД-19” во Кина и 1.017 жртви. Надвор од границите на Кина има 393 заразени во 24 држави и еден починат од тој вирус.

Би можело да ве интересира

Путин најави вакцина против рак

Раст на интересот за вакцинирање по зголемениот број случаи со голема кашлица, најавено двосменско работење и работа в сабота

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски