СЗО: Tретиот бран на пандемијата ќе удри пожестоко врз Африка

Од:

Третиот бран на инфекција со Ковид-19 се „интензивира и забрзува“ во Африка со разни соеви, предупреди денеска канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) на тој континент и повика на поголемо снабдување со вакцини.

Бројот на случаи на инфекција „расте 22 проценти неделно“ на целиот континент, нагласи на виртуелна прес-конференција д-р Махидисо Моети, директор на СЗО за Африка.

Таа повика на зголемување на испораката на вакцини. „На Африка и се потребни дози тука и сега за да се запре третиот бран“, рече таа.

СЗО соопшти дека досега се целосно вакцинирани скоро 12 милиони луѓе, но дека тоа претставува помалку од еден процент од населението на континентот.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он