СЗО: Светот не е подготвен за евентуална голема епидемија на грип

Од:

Светот и натаму не е подготвен за ризикот од појавување на масовна епидемија на грип, предупреди заменик директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Кеиџи Фукуда, заради стравот дека вирусот на птичји грип Х7Н9, што владее во Кина, може да мутира во форма што лесно се шири меѓу луѓето.

Фукуда, вчера, на состанок на СЗО, на делегатите им кажа дека и покрај напорите што се вложуваат од појавата на вториот тип на птичји грип Х1Н1 во 2009 и 2010 година, неопходно е да се направи далеку повеќе на полето на планирање во случај на епидемија.

-Иако од тогаш е доста направено, светот се уште не е подготвен за голема и сероозна епидемија, рече Фукуда.

Од клучно значење се системите за брзо реагирање, бидејќи работата на надлежните во здравството веќе е отежната заради недостаток на знаење за таквите болести, рече тој, пренесуваат француските меидуми.

-Кога луѓето се соочуваат со епидемија на некоја болест не можете само да ја отворите книгата и да прочитате што треба да работите, објасни Фукуда.

Според најновите податоци, од вирусот Х7Н9 заболеле 130 лица во Кина, а 35 умреле, од март кога за прв пат беше пронајден кај луѓето. Тоа е еден од големиот број типови на вирусот на грипот што се пренеусува преку птици, но големо мнозинство од нив не се опасни за луѓето.

Стручњаците се обидуваат да сфатат како се пренесува на луѓето заради стравот дека би можел да мутира во форма што лесно може да се пренесе од човек на човек.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО