СЗО со критики за Украина поради целосниот карантин

Од:

Целосниот карантин на Украина не е најдоброто решение за борба против Ковид-19. Ограничувањата се важни, но поважно е нивното почитување, изјави директорот на Европската регионална канцеларија на Светска здравствена организација, Ханс Клуге, кој е во посета на Киев.

Владата на Украина претходно најави целосен карантин со цел да го запре ширењето на новиот коронавирус што ќе биде во сила од 8 до 24 јануари, а исто така ја продолжи и вонредната состојба до 28 февруари.

За време на карантинот ќе бидат затворени училиштата, универзитетите, но не и градинките. Ќе бидат затворени сите пазари, забранети се сите масовни собири, културни настани.

– Луѓето ги губат приходите и имаат потреба од макроекономска поддршка. Ако се затворат училиштата децата со попреченост нема да можат да имаат корист од дигиталните технологии. Истото важи и за луѓе со други болести како што се рак, кардиоваскуларни болести, на кои исто така им е потребен третман. Затоа е посоодветно да се користи помек и постепен пристап, нагласи Клуге.

Би можело да ве интересира

Нова корупциска афера во Украина, осомничен е министер за земјоделство

Русите прават голем напредок во источна Украина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски