СЗО: Ширење на мајмунски сипаници во развиените земји веројатно по две рејв-забави во Шпанија и во Белгија

Од:

Висок советник на Светската здравствена организација го опиша невиденото ширење на мајмунски сипаници во развиените земји како „случаен настан“ што може да се објасни со ризичното сексуално однесување во два неодамнешни масовни настани во Европа.

Во интервју за Светската агенција, д-р Дејвид Хејман, кој го предводеше одделот за итни случаи на СЗО, рече дека водечката теорија што го објаснува ширењето на болеста е сексуалниот пренос меѓу хомосексуалците и бисексуалците на две рејв забави што се одржале во Шпанија и Белгија.

„Знаеме дека мајмунските сипаници може да се шири кога има близок контакт со лезиите на некој што е заразен. Се чини дека сексуалниот контакт веќе го одредува тоа пренесување“, изјави Хејман.

Тој факт значително отстапува од типичниот модел на ширење на болеста во Централна и Западна Африка, каде луѓето се инфицирани главно од животни како диви глодари и примати, а епидемиите не се шират надвор од опсегот.

До денеска, СЗО има регистрирано повеќе од 90 случаи на мајмунски сипаници во неколку земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Шпанија, Израел, Франција, Швајцарија, САД и Австралија. Веќе има 30 потврдени случаи во главниот град на Шпанија, Мадрид.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски