СЗО: Се појавуваат докази дека коронавирусот се пренесува преку воздухот

Од:

Светската здравствена организација денес призна дека „се појавуваат докази“ за ширење на коронавирусот преку воздухот, откако група научници го повикаа светското тело да ги промени своите насоки за тоа како вирусот се пренесува меѓу луѓето.

„Ја дискутиравме можноста за пренесување преку воздухот и преку аеросоли како еден од начините на пренесување на Ковид-19,“ изјави Марија ван Керкхове, технички директор на посебниот тим на СЗО за борба против коронавирусот.

СЗО досега во своите насоки тврдеше дека главен начин на пренесување на вирусот се минијатурните капки што се исфрлаат од носот и устата на заразено лице, кои брзо паѓаат на земјата. За разлика од овие капки, вирусот би можел да опстане во воздухот многу подолго време во форма на аеросоли, ситни честички слични на состојбата на маглата.

Во отворено писмо до СЗО објавено вчера, 239 научници од 32 земји наведуваат докази дека помалите честички можат да бидат заразни.

Без разлика дали коронавирусот се пренесува преку поголеми честички по кивање или од помали честички кои настануваат со дишење, коронавирусот се пренесува преку воздух и може да ги зарази луѓето кога ќе го вдишат, велат научниците.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО