СЗО се надева на неколку стотици милиони дози вакцина против коронавирусот годинава

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) изрази надеж  дека ќе се произведат неколку стотици милиони дози на вакцина против новиот коронавирус до крајот на оваа година, па дури и две милијарди во текот на 2021 година.

Како што се забрзува трката за вакцините, научниот директор на СЗО, Сумија Сваминатан рече дека повеќе од 200 кандидати за вакцини се анализираат низ целиот свет, во рамките на десетина клинички испитувања.

„Ако имаме среќа, ќе има една или две компании-кандидатки пред крајот на годината,“ изјави таа на онлајн прес конференција.

Според неа, приоритет во вакцинацијата треба да имаат оние кои се на „првата линија“ – лекари и полицајци, потоа чувствителни луѓе како што се стари лица и, конечно, луѓе кои се најмногу изложени на инфекција во околината, домови за згрижување стари лица или населби каде што се инфекции лесно се шират.

„Започнуваме од претпоставката дека би можеле да имаме неколку стотици милиони дози вакцини до крајот на оваа година, а тоа е оптимална прогноза,“ изјави претставникот на СЗО, додавајќи дека се надева дека во 2021 година ќе има две милијарди дози, како и две до три различни ефикасни вакцини.

Би можело да ве интересира

Путин најави вакцина против рак

Раст на интересот за вакцинирање по зголемениот број случаи со голема кашлица, најавено двосменско работење и работа в сабота

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски