СЗО: Ризикот на смртност од коронавирус е повисок кај пушачитe

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека пушењето носи поголем ризик за добивање на тежок облик на болеста, како и поголема смртност од коронавирусот кај хоспитализирани пациенти, иако не е прецизирано колку се повисоки тие ризици.

Врз основа на 34 објавени извештаи за поврзаноста на пушењето и Ковид-19, вклучително и веројатност за инфекција, хоспитализација, тежина на болеста и смрт, се нагласува дека пушачите сочинуваат до 18 проценти од смртните случаи кај хоспитализираните пациенти со коронавирус.

Во април, француските истражувачи објавија мала студија во која се вели дека пушачите имаат помал ризик од инфекција со Ковид-19 и планирале да тестираат никотинска лепенка на пациенти и здравствени работници, но многу научници потоа ги доведоа во прашање нивните тврдења, велејќи дека за нив нема доволно докази.

СЗО соопшти дека „достапните докази укажуваат на тоа дека пушењето е поврзано со сериозноста на болеста и поголема смртност кај хоспитализирани пациенти со Ковид-19“ и препорача пушачите да се откажат од пушењето.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО