СЗО: Опаѓа бројот на новозаразени со коронавирус секаде, освен во Европа

Од:

Светската здравствена организација соопшти дека бројот на смртни случаи од коронавирус во Европа се зголемил за 10 отсто во изминатата недела, што ја прави единствениот регион во светот каде Ковид-19 и смртните случаи се во постојан пораст, јави Анадолија.

Ова е шеста последователна недела по ред како вирусот се шири низ целиот континент.

Во неделниот извештај за пандемијата, здравствената агенција на ООН соопшти дека има околу 3,1 милиони нови случаи ширум светот, што претставува зголемување од околу еден процент во однос на претходната недела. Речиси две третини од заразените со коронавирус – 1,9 милиони – беа во Европа, каде случаите се зголемија за седум проценти.

Земјите со најголем број нови случаи во светот се САД, Русија, Обединетото Кралство, Турција и Германија.

Бројот на неделни смртни случаи од Ковид-19 опадна за околу четири отсто ширум светот и се намали во сите региони освен во Европа.

Од 61 земја што ги вклучува СЗО во нејзиниот европски регион, кој ја вклучува Русија и се протега до Централна Азија, 42 отсто пријавиле зголемување на случаите од најмалку 10 отсто во изминатата недела.

Во САД бројот на нови неделни случаи е намален за пет отсто, а смртните случаи за 14, а најголем број пријавени случаи се од САД.

Во Југоисточна Азија и Африка, бројот на смртни случаи од Ковид-19 е намален за околу една третина, и покрај недостигот на вакцини во тие региони.

Директорот на СЗО за Европа, др. Ханс Клуге минатата недела рече дека Европа „се вратила во епицентарот на пандемијата“.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО