СЗО очекува државите да ги усогласат напорите за одобрување вакцина против Ковид-19

Од:

Светската здравствена организација соопшти дека очекува надлежните служби, кои работат во одделни земји, да ја усогласат работата во врска со потенцијалните вакцини против коронавирусот, со цел побрзо да се пристапи кон дозвола за нивно производство и употреба.

Претставничката на СЗО, Сумја Сваминатан истакна дека тестирањето на вакцината, која вообичаено трае повеќе години, во услови на пандемија ќе биде скратено на шест месеци, но под услов надлежните институции да потврдат дека расположливите податоци се доволно уверливи за издавање одобрение за употреба.

Таа нагласи дека е најважна безбедноста, објаснувајќи дека брзината на издавање одобрение за употреба на вакцина не смее и нема да биде на штета на нејзината сигурност и ефикасност.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО