СЗО: Невнимателно користење антибиотици може да предизвика нова пандемија

Од:

Невнимателното воведување антибиотици и антивирусни лекови поради пандемијата на коронавирусот може да доведе до нова пандемија, која може да биде уште полоша, изјави денеска претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) во Русија, Мелита Вујновиќ на прес-конференција, во пресрет на Светскиот ден на борбата против сидата.

– Тоа е многу важно прашање, антивирусни лекови и антибиотици. Ако не пиеме антибиотици внимателно, затоа што треба да ги користиме само кога лекарот ќе ги препише, додека сите лекари треба да бидат многу внимателни во проценката дали се потребни или не, можеме да се соочиме со уште полоша пандемија по коронавирусот, истакна Вујновиќ.

Таа додаде дека станува збор за пандемија на микроорганизми отпорни на антибиотици и антивирусни лекови.

Вујновиќ порача дека од витално значење е да се сфати дека коронавирусот ни даде поттик да ги преиспитаме нашите ставови за заразните болести.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО