СЗО: Нападнете го вирусот, ќе ја надминеме и оваа криза

Од:

Земјите кои го ставија под блокада своето население за да го спречат ширењето на вирусот треба тоа време да го искористат за да го „нападнат вирусот“, порача денеска генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Адхан Гебрејесус.

„И во минатото надминавме многу пандемии и кризи. Ќе ја надминеме и оваа“, рече Тедрос на брифинг со медиумите, се наведува на сајтот на СЗО.

Тој истакнал дека со барањето луѓето да останат во своите домови и со запирање на движењето се купува време и се намалува притисокот врз здравствените системи, но нагласи дека „само по себе овие мерки нема да ја згаснат епидемијата“.

„Ги повикуваме сите земји ова време да го искористат за да го нападнат вирусот“ рече Тедрос.

Во тој контекст тој укажа на шест клучни акции што СЗО ги препорачува земјите да ги преземат. Прво, да обучат, распоредат и го зголемат бројот на здравствени работници, и да применат систем за откривање на секој сомнителен случај. Исто така, тој наведе дека е потребно да се зголеми производството, капацитетот и можноста за тестирање и да се идентификуваат, прилагодат и опремат установите што ќе користат лекување и изолација на пациентите. Како петта акција тој наведе дека државите треба да развијат јасен план и процес за ставање во карантин на оние кои биле во контакт, а како шеста дека треба цело владино внимание да се насочи кон сузбивање и ставање под контрола на Ковид-19.

-Овие мерки се најдобриот начин да се сузбие и запре преносот и да не дојде до повторно заживување на вирусот, кога санкциите ќе бидат укинати. Последната работа што и треба на било која земја е отворање на училиштата и компаниите, само за да се присили повторно да ги затвори заради заживување на вирусот, наведе Тедрос.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО