СЗО: Мајките треба да дојат и кога имаат Ковид-19

Од:

Мајките треба да ги дојат своите бебиња дури и ако имаат Ковид-19, изјави денеска директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, затоа што придобивките го надминуваат ризикот од зараза.

– СЗО препорачува мајките кај кои постои сомневање или е потврден Ковид-19 да бидат охрабрени, како и сите други мајки, да почнат или да продолжат со доење, рече Тедрос на прес-конференција.

Со оглед на тоа што светот ја одбележува Неделата за подигнување на свеста за доењето, Тедрос во контекст на тековната пандемија рече дека многуте предности од доењето за новороденчиња и децата значително го надминуваат потенцијалниот ризик од зараза со Ковид-19.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО