СЗО: Крвната плазма не треба да се користи за лекување на пациенти со Ковид-19

Од:

Крвната плазма од лицата кои прележале Ковид-19 не треба да се користи во лекување на пациентите бидејќи нема доволно докази за подобрување на нивните шанси за закрепнување, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Плазмата од закрепнатите од инфекцијата не ја намалува ниту потребата од аспиратори, нагласи СЗО.

Тезата беше дека употребата на плазма поради антителата што ги содржи може да го неутрализира новиот коронавирус, да го спречи неговото размножување и да го ограничи оштетувањето на ткивото.

Неколку студии не покажаа никаква видлива корист во лекувањето на сериозно болните. Студија во САД е прекината во март, откако беше утврдено дека плазмата веројатно нема да им помогне на пациентите со благи до умерени симптоми на болеста.

Методот е и скап и одзема многу време, се вели во соопштението на СЗО.

Панел од меѓународни експерти недвосмислено препорача дека плазмата не треба да се користи во лекувањето на пациенти со лесен облик на болеста, а според нив не треба да се користи ниту во третман на пациенти со тежок и критичен облик на болеста, нагласи СЗО.

Препораката е објавена во Британскиот медицински журнал (БMЏ) и се заснова на докази од 16 испитувања во кои беа вклучени 16.236 пациенти со благи, тешки и критични облици на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО