СЗО: Корона вирусот веројатно се пренесува со близок контакт

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти денеска дека новиот смртоносен респираторен корона вирус, од кој 18 лица починаа на Блискиот Исток, најверојатно се пренесува со близок контакт меѓу луѓето.

Станува збор за вирус сличен на тежок акутен респираторен синдром – САРС, кој од појавувањето на крајот на 2003 во Азија до денес усмрти 775 луѓе.

Помошникот генерален директор на СЗО Кеиџи Фукуда по посетата на Саудиска Арабија, која претставува и жариште на вирусот, рече дека нема докази оти вирусот е во состојба да издржи општа трансмисија во заедниците.

– Она што најмногу загрижува е фактот дека жариштата се јавиле во различни земји што ја поткрепува хипотезата дека кога постои близок контакт, тогаш овој коронавирус може да се пренесе од човек на човек, рече Кеиџи во Ријад.

Неименуван експерт за јавно здравје рече дека „близок контакт“ во овој случај значи да се биде на мал затворен простор со заразеното лице подолг временски период.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО