СЗО ќе издаде нови упатства за користење на заштитните маски

Од:

Светската здравствена организација преку соопштение најави дека наскоро ќе испрати нови упатства за користење на заштитните маски во борбата против коронавирусот.

„Доколку маските се носат, тогаш тоа мора да биде сигурно и правилно. СЗО има нови упатства што наскоро ќе ги објави, а се однесуваат на носењето маски, нивното симнување од лице и фрлање во ѓубре. Истражувањето во ова подрачје е доста лимитирано, но ги охрабруваме државите кои размислуваат за воведување маски за широка популација за да ја истражиме нивната ефективност. Маските не можат да ја запрат пандемијата. Државите и натаму треба да бараат, тестираат и да ги изолираат заразените со коронавирус”, рече Тедрос Адханом Гебресејсус, генералниот директор на СЗО.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО