СЗО ја запре постапката за итно одбрување на Спутник В

Од:

Запрена е постапката за итно одобрување за употреба на руската вакцина Спутник В, соопшти денеска Светската здравствена организација. Постапката е запрена бидејќи недостасуваат одреден број податоци и усогласеност на правните процедури.

– Речиси секојдневно работиме со руското Министерство за здравство на решавање на преостанатите прашања кои треба да ги достави Рускиот фонд за директни инвестиции, соопшти Маријанѓела Симао, помошничка на генералниот директор на СЗО, задолжена за пристап до лекови и здравствени производи. Таа изрази надеж дека постојните недостатоци наскоро ќе бидат отстранети.

Симао потврди дека СЗО повторно ќе го отвори случајот, ќе ги процени доставените податоци и ќе ги продолжи инспекциите на производствените капацитети во Русија дури и ако досието биде „се уште нецелосно“.

– Сите поднесоци што ги имаме се обработуваат на ист начин, рече таа, но не го наведе крајниот рок кога може да заврши процесот за одобрување на руската вакцина за внесување на листата на дозволени за употреба вакцини против ковид.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски