СЗО ја препорачува вакцината на Џонсон и Џонсон за земјите со активни мутации на Ковид-19

Од:

Вакцината на Џонсон и Џонсон се препорачува и во земји каде циркулираат позаразните мутации на коронавирусот, соопштија денеска експерти од Светската здравствена организација (СЗО).

Стратешката советодавна група на експерти (САГЕ) за вакцинација при СЗО денеска ги објави своите препораки за употреба на вакцини изработени од американската фармацевтска компанија Џонсон и Џонсон по состанокот кој се одржа во понеделникот, пренесува Хина. СЗО ја одобри вакцината на Џонсон и Џонсон против Ковид-19 во петокот.

Во јануари Џонсон и Џонсон соопшти дека нејзината вакцина е ефикасна 66 проценти против Ковид-19. Тоа е прва вакцина со одобрение на СЗО во една доза, наместо во две, и може да се чува на температури на фрижидер.

Вакцината Џонсон и Џонсон беше итно одобрена во САД кон крајот на февруари. Таа е одобрен и во Канада на почетокот на март и на 11 март во Европската унија, а веќе почна да се применува и во Јужноафриканската Република. ј

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО