СЗО ја одобри кинеската вакцина „Синовак“ за итна употреба

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) ја одброи вакцината „Синовак“ на кинескиот производител „Бајотек“ за итна употреба, соопштувајќи дека тестовите покажале оти вакцината е безбедна и ефикасна.

Со ова се овозможува вакцината „Синовак“ да станат дел од глобалната програма за помош во вакцини на сиромашните земји Ковакс, додаваат од СЗО.

Техничка советодавна група на СЗО од 5 мај ја тестираше и ја анализираше кинеската вакцина, а одлуката е донесена откако клиничките податоци потврдиле дека вакцината е ефикасна, како и дека компанијата ги следи сите потребни фази во производството.

Ова е втората кинеска вакцина која добива дозвола за итна употреба од СЗО, по препаратот на државната компанија Синофарм, кој доби зелено светло минатиот месец.

Уште една кинеска компанија која произвела вакцина, Кансино, поднела барање за одобрение во СЗО, но не се знае кога ќе биде завршен процесот на анализа и проверка.

Повеќе анализи и истражувања направени надвор од Кина и објавени годинава покажуваат дека вакцината на Синовак, од која и Македонија набави 500.000 дози, има споредбено најниска ефикасност од сите досега произведени вакцини против коронавирусот.

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

ВИДЕО: Израелците ја бомбардираа најголемата болница во Газа потврди СЗО