СЗО ги следи случаи на „мистериозна болест“ во Аргентина

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) следи неколку случаи на пневмонија од непознато потекло во Аргентина, каде досега се регистрирани три смртни случаи.

Десет случаи се поврзани со приватна клиника во северозападниот аргентински град Сан Мигел де Тукуман, соопшти Панамериканската здравствена организација, регионалната канцеларија на СЗО.

Негативни се сите досегашни направени тестови за познати респираторни вируси и други вирусни, бактериски и габични агенси, а властите ја отфрлаат можноста за Ковид-19, се наведува во соопштението, пренесува „Скај Њуз“.

Мајкл Остерхом, експерт за заразни белодробни заболувања од Универзитетот во Минесота, смета дека причината за болеста може да биде нешто што пациентите го вдишувале, бидејќи белите дробови на пациентите во голема мера се погодени од инфекцијата.

Според него, понекогаш се јавуваат „мистериозни болести“, а најчесто се објаснуваат со локални причини кои генерално немаат пандемични импликации.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најмалку 60 демонстранти се повредени на протестите во Буенос Аирес, полиција употребила гумени куршуми и солзавец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

Свештеник e обвинет за убиство и тортура во Аргентина, Италија не сака да го екстрадира

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

Милеи отпушта 5.000 владини службеници: Протестите нема да го премислат

А1он