СЗО: Бројот на заразени во Африка би можел да биде седум пати поголем

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека бројот на заразени лица со коронавирус во Африка би можел да биде седум пати поголем од официјалните податоци, изјави денеска регионалната директорка на СЗО за Африка, Матшидисо Моети.

Таа, исто така, на редовниот онлајн брифинг за медиумите истакна дека смртните случаи од последиците на Ковид-19 би можеле да бидат два до три пати поголеми во однос на официјалните податоци.

– Свесни сме дека нашите проблеми со системите за надзор што ги имавме на континентот, како и со пристапот до резервите за тестирање, доведоа до погрешно проценување на случаите, истакна Моети.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он